Apple може да ги „казни“ сите корисници кои не користат овластен сервис

Дејан Соколоски

во feature, Мобилни

Сите кои сакаат да заштедат и својот iPhone го носат на неовластен сервис можат да имаат сериозни проблеми. Новата надградба на iOS, 11.0.3, „поправи“ дел од телефоните кои не беа сервисирани во Apple.

По претходната надградбата (iOS 11), дел од екраните на допир ја изгубија функционалноста. Ова важеше за уреди чии сопственици го промениле екранот кај сервисер, кој не е од Apple. Проблемот се појави кај iPhone 6S телефоните, јави  Motherboard.

Претходната надградба кај телефоните го намали квалитетот на сликата на екранот и го наруши нормалното работење. Сепак, надградбата е одлично потсетување дека Apple и со софтверски наградби може да ги принуди корисниците да ги посетат нивните сервисери. Компанијата долго време се обидува да ги натера корисниците сите поправки да ги прават во Apple. Сепак, сервисот во Apple е многу поскап, па дел од сопствениците на телефони наоѓаат други сервисери.

Ова не е прв пат да се јави ваков проблем. Претходно корисниците јавија за проблеми со сензорот за отпечатоци. Пред неколку години корисниците кои го сервисирале овој дел имаа проблем со нефункционален уред по надградбата на оперативниот систем. Тогаш Apple тврдеше дека сензорот не функционира бидејќи компанија мора да ги заштити своите корисници.

Со оглед на тоа дека телефоните работеле совршено пред надградбата, може да се заклучи дека надградбата на iOS е единствена причина за нефункционирањето.

Сервисерите тврдат дека деловите кои ги инсталираат во телефоните, се подеднакво квалитетни, а често неколку пати поевтини од деловите кои ги нуди Apple. Често деловите се произведени и во истите фабрики кои ги произведуваат и оригиналните делови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии