Apple Maps можеби се полоши, но во војната на мапите Google е тој што губи милиони корисници

Никој не ги пофали Apple Maps кога прв пат ги заменија мапите на Google во iOS 6. Напротив, имаше остри критики за многуте грешки во мапите – кои сè уште се лоши за Македонија – и критики кон Apple зошто ја прекина соработката со Google по шест години. Но, како што поминува времето се чини дека Apple излегува како победник во таа битка на мобилните мапи.

Повикувајќи се на податоци од comScore, англискиот Guardian пишува дека во септември 2013 година Аpple Maps ги користеле 35 милиони iPhone корисници во САД, што е добра бројка споредено со 59-те милиони корисници на Google Maps за Android и iOS (последнава апликација е достапна од неодамна и за македонските корисници). Бројките кажуваат дека за само една година Google изгуби 23 милиони мобилни корисници во САД бидејќи одби да му даде пристап на Apple до гласовната навигација на мапите, што го натера Apple да ги претстави своите мапи. Лани во септември Google Мaps ги користеа 81 милиони корисници од вкупно 103 мобилни корисници на iPhone и Android, но оваа година, има пад од 43 отсто, иако бројот на мобилните корисници е пораснат на 137 милиони.

Интересно, иако Google Maps е една од најсимнуваната апликација за iOS, со 10 милиони симнувања во првите 48 часа од објавувањето во ланскиот декември, сепак comScore вели дека малку корисници ја користат апликацијата бидејќи Apple Maps се интегрирани директно во сервисите и другите апликации.

Според Guardian, очекувањата се дека анализа на европскито пазар ќе прикаже слични статистики како и во северно-американскиот. Што се однесува на македонскиот мобилен пазар, во моментот Google е кралот на мапите, иако често се користат и OpenStreetMaps. За жал на iOS корисниците, интегрираните Apple Maps се неупотребливи во Македонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии