Apple ќе врати 13 милијарди евра данок во Ирска

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Apple сепак ќе го испочитува барањето на Европската Унија и ќе врати 13 милијарди евра данок во Ирска. Одлуката на компанијата доаѓа иако Тим Кук најави жалба и го нарече барањето „тотална политичка глупост“. Одлуката на Европскиот суд на правдата ја обжалија и Apple и Ирска.

„Постигнавме договор со Apple во врска со принципите и операцијата на сметката. Очекуваме парите да започнат да  бидат уплаќани од Apple во текот на првото тримесечје следната година“, вели ирскиот министер за финансии, Паскал Донохо.

Компанијата започнува да ги прави уплатите речиси една година по одлуката на Европската Унија. Уплатите ќе започнат на почетокот на следната година, јави Wall Street Journal. Неплатениот данок треба да биде вратен пред крајот на првото тримесечје во 2018 година.

Ирската влада ќе треба да ги остави овие уплати на блокирана сметка и да го почека решениот по жалбата на одлуката на Европскиот суд на правдата.

Во 2016 година Европската Унија процени дека Ирска и Apple имаат нелегален договор за данокот. По оваа побараа од компанијата да ги врати неплатените даноци.