Apple ќе им дозволи на девелоперите да зборуваат за можности за плаќање надвор од App Store

Дејан Соколоски

во Вести

Apple се договори со девелоперите кој поднесоа тужба против компанијата во САД. Подготвени се да им дозволат да споделуваат понуди за плаќање надвор од AppStore. Ова би им овозможило на девелоперите да продаваат без да му платат провизија на Apple. Apple ќе обезбеди и нови нивоа за плаќање, но и извештај за тоа колку апликации се одбиени или отстранети од продавницата.

За споделување на информации за алтернативни начини за плаќање развивачите ќе можат да користат различни канали, на пример имејл. Девелоперите ќе можат да ги користат информациите кои ги собираат од апликацијата за оваа комуникација, што до сега не беше случај. За жал и натаму останува забрането споделување на овие информации во апликациите.

Како дел од спогодбата во следните три години Apple ќе овозможи и плаќање на помала провизија за помалите бизниси; ќе основа фонд од 100 милиони долари од кои на малите девелопери од САД ќе им бидат исплатени помеѓу 250 и 30 000 долари. Единствен услов за девелоперите е да имаат помала заработка од 1 милион долари, што е случај со дури 99 отсто од апликациите на AppStore.

Ако судот ја прифати спогодбата ќе биде завршен судскиот спор помеѓу девелоперите Доналд Камерон и Illinois Pure Sweat Basketball, и Apple. Apple во спорот е обвинет за монопол бидејќи компанијата не дозволува инсталирање апликации на iPhone надвор од AppStore.

Креаторот на популарната видеоигра Fortnite, Epic Games го нарече спогодувањето лажно, и го обвини Apple дека ја прифатил спогодбата за да избегне поголема регулација.

Лажната понуда за спогодување на Apple не е ништо повеќе од очаен обид да се избегне пресудата на судовите, регулаторите и законодавците ширум светот. Оваа понуда не прави ништо за решавање на структурните, основни проблеми, со кои се соочуваат сите девелопери, големи и мали – поткопувањето на иновациите и конкуренцијата во екосистемот. Дозволувањето на развивачите да комуницираат со своите клиенти за пониски цени надвор од нивните апликации не е отстапка, и дополнително ја нагласува целосната контрола која Apple ја има на пазарот на апликации. Ако ова решение се прифати, на креаторите на апликации и натаму ќе им биде забрането да комуницираат за пониски цени или да нудат конкурентни опции за плаќање во рамките на нивните апликации. Нема да се смириме со безначајни гестови и ќе ја продолжиме нашата борба за фер и отворени дигитални платформи.

1 коментар на “Apple ќе им дозволи на девелоперите да зборуваат за можности за плаќање надвор од App Store

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии