Apple ќе ги исклучи Flash и Java плагините во Safari на новиот macOS; ќе форсира HTML5

Една од подраматичните промени во новата надградба на macOS е инсистирањето на Apple да се форсира HTML5 пред другите веб технологии како Adobe Flash, Java, Microsoft Silverlight и QuickTime. Во новата верзија прелистувачот Safari ќе доаѓа со исклучени „legacy“ плагини, сѐ додека корисникот не ги активира. Битката на Apple со Flash ја започна Стив Џобс уште во 2010-та година, кога забрани Flash да работи во iOS. Тогаш тој го потенцираше HTML5 како решение за мобилните уреди, став кој беше подоцна прифатен и од сите веб прелистувачи.

„На вебсајтовите кои нудат Flash и HTML5 имплементација на содржините, Safari секогаш ќе презентира модерна HTML5 имплементација, која нуди подобри перформански и подолготрајно користење на батеријата. Политиките и бенефитите ќе бидат подеднакво применувани на сите страници без исклучок. Доколку за некоја сајт е потребен legacy плагин, корисникот ќе мора самиот да го активира“, вели Рики Мондео од Webkit на својот блог.

Доколку на некоја страница е потребен Flash до корисникот ќе пристигне порака дека треба да се преземе плагинот од Adobe. Кога корисникот ќе притисне на копчето, Safari ќе го извести дека Flash е инсталиран само треба да се активира. По ова Safari автоматски повторно ќе ја вчита страницата со активиран плагин.„Веб развивачите треба да бидат свесни како промената ќе го промени корисничкото искуство, пред сѐ за сајтовите за чие вчитување се потребни ове плагини…Пред Safari 10 да биде и официјално издаден ве советуваме да тестирате веднаш како овие промени ќе влијаат на сајтовите“, вели г. Мондео. За тестирањетоќе треба да инсталирате бета верзија на macOS Sierra, која ќе биде достапна и на OS X Yosemite и OS X El Captain до крајот на летото.

Освен тоа што HTML5 е модерна веб технологија, една од најважните прични зошто на Java и Flash се гледа како на проблематични плагини, е што се вистински кошмар за безбедноста. Минатата и оваа година речиси и да не поминува месец без да дознаеме за нов безбедносен пропуст и злоупотреба на плагините. Поради ова најголем дел од компаниите како Google, Microsoft, YouTube, Facebook, Twitch започнаа да го повлекуваат Flash од употреба. Дури и Adobe се реши да го ребрендира Flash, признавајќи декa HTML5 e доминантна технологија.

Бета верзијата на оперативниот систем macOS е веќе достапна и може да ја преземете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии