Apple ќе претстави поевтин iPad Mini во октомври

До крајот на годината Apple планира да издаде помал и поевтин iPad, пишува Bloomberg кој се повикува на два извори кои побара да бидат анонимни. Новиот таблет пред се треба да им конкурира на Nexus 7 и Kindle Fire првенствено со цената. Бидејќи пред се треба да биде економичен, „iPad mini“ ќе има помал екран, помеѓу 7 и 8 инчи. Освен тоа најверојатно не треба да очекуваме HD-резолуција на новиот таблет. Според најавите Apple ќе го претстави новиот продукт во октомври.

Потегот на Apple е логичен, имајќи во предвид дека таблет компјутерите стануваат се поефтини, пример Nexus7 е околу 200 долари, што е доста поевтино од iPad кој е над 600. Најголема предност на Apple се апликациите бидејќи имаат речиси четвртина милион апликации кој се специјално изработени за iPad. Имајќи во предвид дека моментално Аpple продава скапи таблети, подеднакво важно е и колкава ќе биде разликата во цената на новиот iPad. Претпоставките се дека ќе биде околу 199 долари но засега без потврда.

Влегувањето на Apple на пазарот со конкурентна цена е „најголем кошмар на конкуренцијата“, велат експертите. Сепак не верувам дека во Apple останале рамнодушни кон влезот на Microsoft и пред се Google на пазарот на таблети. Секако ова ќе го направи потешко влегувањето на Windows и Android таблет компјутерите. Но за да видиме дали некоја од трите компании ќе биде принудена да се повлече од пазарот, ќе мора да почекаме парем до првите неколку месеци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии