Аpple ќе објави развојни алатки за својот паметен часовник

Добри вести од Apple за сите развивачи на iOS софтвер. Kомпанијата најави дека следниот месец ќе може да се преземе и користи WatchKit за креирање на апликации за паметниот часовник Apple Watch.

Развојната алатка до сега им беше достапна единствено на одбрани партнери на компанијата како BMW, American Express или Starwood Hotels кои имаа можност први да креираат или да ги прилагодат своите апликации за паметниот часовник. Со оглед на тоа дека WatchKit SDK излегува во ноември, а засега единствено е познато дека часовникот доаѓа на почеток на 2015 година, развивачите ќе имаат доволно време да креираат апликации за часовникот, а со тоа и самиот уред да го направат да биде покорисен и поатрактивен за купувачите.

[youtube]y-waTi8BPdk[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии