Аpple ќе го претстави iPad 3 во првата недела од март

Apple ќе има настан во првата недела од март на кој се очекува да ја претстави третата генерација на својот таблет компјутер, iPad 3, пишува АllThingsD повикувајќи се на анонимни извори од компанијата.

Настанот треба да се одржи во Сан Франциско, во центарот за уметност Yerba Buena каде Apple вообичаено ги одржува своите настани. Најверојатно е дека уредот ќе се појави во продавниците една недела по претставувањето, како што беше и со iPad 2.

Според изворите, iPad 3 ќе биде хардверска подобрена верзија на iPad 2, со побрз процесор, графика и меморија, и ќе има Retina екран со резолуција блиску до 2048×1536. Голема веројатност е дека iPad 3 ќе има поддршка за говорниот асистент Siri, кој во моментов е достапен ексклузивно за iPhone 4S.

Oд Apple одбија да коментираат за настанот и за уредот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии