Apple ќе го интегрира Beats Music во секој iPhone

Од 2015 година Apple ќе започне да го испорачува Beats за сите корисници на iPhone, јави BBC.Beats апликацијата ќе биде вклучена во следната надградба на iOS. Apple го купи сервисот за стримање на музика неодамна за 3 милијарди долари, иако компанијата е попозната пред се по квалитетните слушалки.

Beats апликацијата би требало на компанијата да и помогне да стигне до нови корисници, откако сервиси како Spotify го преземаа приматот на iTunes, па бројот на купени и преземени песни од iTunes се немали. Засега Apple не одговара на известувањето на Financial Times кои први ја објавија веста, претходно истиот медиум прв извести и за аквизицијата на Beats.

За жал, Beats Music не е достапен во Македонија, па останува прашање дали и македонските iOS корисници ќе го добијат сервисот на својот iPhone.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии