Apple ја претстави Heart Study App

Image courtesy of Apple

Не е никакво изненадување дека Apple сака од својот часовник да направи и здравствен додаток. Сепак во недостиг на апликации и истражување, засегa Apple Watch ќе остане примарно, фитнес додаток.

Сепак Apple се обидува да го промени ова. Во соработка со Stanford Medicine компанијата ќе се обиде да го искористи часовникот за прeпознавање и регистрирање на аритмија. Ова го овозможува Apple Hearth Study апликацијата која е достапна во App Store.

Image courtesy of Apple

Апликацијата го користи сензорот од паметниот часовник на Apple за да ја регистрира работата на срцето. Апликацијата може да регистрира и да извести корисници кои имаат атријална фибрилација. Ова тешко се регистрира, а е причина за 130.000 смртни случаи во САД секоја година.

„За пресметки на срцевата работа и ритам, сензорот на часовникот користи LED светилки кои трепкаат стотици пати во секунда и фотодиоди да го детектираат количеството крв кое минува низ зглобот. Оптичкиот дизајн на сензорот овозможува да собира сигнали од четири точки на зглобот и во комбинација со алгоритми, Apple Watch го изолира срцевиот ритам од шумот. Apple Heart Study ја користи оваа технологија да ја идентификува неправилната работа на срцето“, објасни Apple.

Доколку, со овие програми во кои Apple соработува со медицински истражувачи и клинки успее да изработи апликации кои го штитат здравјето на корисникот, Apple Watch ќе има огромна предност пред конкурентите. Засега паметните часовници се малку повеќе од украс, и едваj нешто повеќе од квалитетните фитнес додатоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии