Apple ја повлече апликацијата на 500px бидејќи со неа лесно се наоѓаат еротски фотографии

Правилата треба да се почитуваат, дури и ако се малку апсурдни. Apple ја тргна мобилната апликација на популарниот стартап за споделување фотографии 500px од App Store бидејќи со неа може лесно да се најдат еротски фотографии. Апликацијата на 500px e во App Store веќе 16 месеци и е симната над 1 милиони пати, но според рецензентите на Apple новата верзија не е доволно безбедна. Дополнително, вели Apple за TechCrunch, „имаше и пријави за можна детска порнографија“.

Според директорот за операции на канадскиот стартап, Евгени Тчеботарев, на 500px не е толку лесно да се најдат еротски содржини како што може на Instagram или Tumblr. Апликацијата по зададено (default) го има наместено безбедното пребарување со кое се кријат таквите фотографии. За да се изгаси тоа безбедно пребарување корисниците треба да ја посетат веб страната, да се логираат и да ги подесат опциите на профилот.

Тоа што е апсурдно во случајот е што 500px е веб сајт за споделување на фотографии, а голите акти се дел од уметноста. Тука не се работи за порнографија која е забранета на сајтот, туку се работи за вообичаено уметничко изразување. Сепак, 500px веќе работи на технологија која ќе ги открива еротските фотографии, наместо да чека корисниците да ги пријават. Така, штом ќе бидат откриени, истите фотографии ќе бидат цензурирани и тргнати од резултатите од пребарувањето. Наскоро се очекува и да се направат промени во iOS апликацијата за да биде според правилата на Apple.

Мобилната апликација на 500px сè уште е достапна за Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии