Apple ја обжали одлуката на Европската комисија според која требаше да исплати 13 милијарди евра данок

Apple ја обжали одлуката на Европската комисија, според која компанијaтa требаше да исплати казна од 13 милијарди евра. Компанијата ја обжали одлуката по 14 точки, јави Appleinsider. Главен предмет на жалба е дека седиштето на компанијата во Корк е сосем легално.

Кога данокот во Ирска е во прашање, компанијата тврди дека не е правилно пресметан. Наместо данок единствено за профитот во Ирска, во профитот е пресметана заработката од целиот свет. Компанијaта се жали и дека немала можност на одбрана, ниту да претстави докази во своја полза. Apple бара судот да ја поништи претходната казна од 13 милијарди евра и да ја исплати цената на судските трошоци.

Apple е казнет поради пренизок данок. Компанијата во 2014 година платила 0.004% данок, а во 2003, 1% данок. Предноста која им ја овозможува пренискиот данок кој Apple го плаќа во Ирска е недозволена во Европа. Apple се бранеше дека не направил ништо илегално и дека комисијата го игнорира ирскиот и меѓународниот закон за даночење. Сепак, ставот на комесарот Маргарет Вестагер е дека европските држави не можат да одбираат и да даваат даночни олеснувања на одбрани компании, ова е нелегално и забрането. Со оглед на тоа дека станува збор за висок функционер во Унијата, ова е официјален став и на Европската унија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии