Apple ја купи платформата за списанија Texture

Apple ја купи дигиталната платформа за списaнија Texture. Компанијата објави дека 200 од најдобрите магазини ќе им бидат достапни на сопствениците на iPhone и iPad.

Се чини дека во Apple се подеднакво возбудени и од платформата и од списанијата кои доаѓаат со истата.

„Возбудени сме што Texture му се приклучува на Apple, задно со импресивниот каталог магазини од светски водечки магазини. Посветени сме на квалитетно новинарство од веродостојни извори и им овозмoжува прекрасен дизајн и приказни на корисниците“.

Иако е променета сопственоста, платформата продолжува да работи како и досега. Ова значи дека верзија на Texture ќе биде достапна за iOS, Android, Amazon Kindle Fire и Windows 8 и 10.

Texture, претходно Next Issue, функционира од 2010 година. Компанијата започна заедно со повеќе платформи за дигиални магазини, кога имаше бум на пазарот. Компанијата Next Issue Media која ја издава Texture е колаборација на Condé Nast, Hearst, Meredith, News Corp., Rogers Communications и Time Inc.

Во 2016 година уредниците на App Store ја одбраа апликацијата за Best Of наградите, како една од најдобрите во својата категорија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии