Apple испрати iBeacon хардвер за одобрување од FCC

Apple испрати документи за iBeacon хардвер на одобрување кај Федералната комисија за комуникации FCC, јавува 9to5mac.

Првите фотографии од уредот покажуваат округол уред со USB или microUSB портoви. Уредот се напојува од извор 5V и 0.3A, а WiFi сигналот е на 2.4 GHz. Документите на FCC покажуваат дека уредот успешно ги поминал сите тестови. Но, засега е непозната намената на уредот, иако идејата зад iBeacon е да го поттикне гео-локацискиот маркетинг. 9to5mac прогнозира дека можеби станува збор за хардвер кој Apple ќе им го понуди на девелоперите и на продавниците кои би сакале да го користат уредот од самиот почеток. Тука е и можноста дека Apple сака да го регистрира своијот прв HomeKit уред кој веќе е најавен и ќе управува со паметните уреди на партнерите на Apple.

Сепак познавајќи ја желбата за уникатност на Apple нема да биде никакво изненадување доколку станува збор за уреди кој Apple ќе ги искористи најпрво во своите продавници, како замена за хабовите кои се произведени од други компании.