Аpple им предава за Пикасо на своите дизајнери за да прават едноставни продукти

Основан во 2008-ма година од Стив Џобс, Универзитетот на Apple, кој е всушност едукативна програма во компанијата, ги едуцира вработените во уметноста на Пабло Пикасо за да ги направи подобри дизајнери. На едно предавање се зборува за „Бикот“ со кој Пикасо го објасни процесот како уметник создава едно уметничко дело, започнувајќи со реалистични цртежи на бик кој, во 11 литографи, ја губи формата и непотребните детали, за на крај да ја добие уметничката анатомија. Apple ја користи идејата на Пикасо да покаже дека треба да се деконструира една идеја и да се претстави во нејзината наједноставна и прецизна форма.

Едноставноста е конечната цел на Applе, пишува New York Times кои откриваат повеќе детали за праксата на компанијата опседната со дизајн и уметност, пред се поради ентузијастот на Стив Џобс. Едукативните курсеви не се задолжителни за вработените, но се препорачани и најчесто новите вработени се љубопитни да ги посетуваат. Покрај Пикасо, дел од предавањата се контроверзната бизнис одлука на г. Џобс да ги отвори iTunes за Windows, што се покажа како успех, а eдно предавање покажува зошто Google TV далечинскиот со 78 копчиња е лоша идеја, споредено со Apple TV уредот со три копчиња.

Курсевите најчесто се измешани со предавања од бизнис, уметност, дизајн; некои за како да се интегрираат нови таленти од други купени компании. Од неодамна има посебни курсеви за Beats, аудио компанија која Apple ја купи за 3,2 милиони долари; а има и предавања отворени за сите вработени за поотворена комуникација, не само за продавање на продукти, туку и за полесно споделување идеи внатре во компанијата. Интересно, Универзитетот на Apple е таинствен и затворен од јавноста како и самата компанијата, и не може да се најдат наставни материјали.

[youtube]CW0DUg63lqU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии