Apple им дозволи на развивачите да ѕирнат во некриптираниот kernel на iOS 10

Мобилниот оперативен систем на Apple, iOS, важи за побезбеден од Android на Google, и најчесто токму со безбедноста ја објаснуваа и определбата да го чуваат затворен. Но, иако Apple во последно време е поотворена во поглед на своите сервиси, отворањето на некриптиран дел од kernel за iOS 10, ретко кој можеше да го предвиди.

Добра вест кај отворениот софтвер е дека повеќе глави се поумни од една, па ова ќе овозможи полесно наоѓање на безбедносните пропусти. Отворениот kernel се разбира значи и поедноставна работа за злонамерниците, но тие вообичаено се подобро финансирани од безбедносните експерти, а со тоа и полесно ја пробиваат заштитата. Можеби најдобар показател за ова е пробивањето на телефонот на напаѓачот од Сан Бернандино, кој FBI го проби без помош од Apple.

Apple вели дека отворениот дел на kernel кешот нема чувствителни податоци и не треба да биде криптиран. „Kernel кешот може да се користи за било кои податоци на корисниците и со неговото декриптирање може да го оптимизираме оперативниот систем без да ја нарушиме безбедноста“, вели Apple за TechCrunch.

Интересно е дека вeста за декриптирање на податоците не доjде од Apple, туку од истражувачите на MIT кои први ја забележаа промената.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии