Apple iCloud е iTunes складиште во облакот кое ги синхронизира сите iOS уреди

iCloud на Apple е апликација која ви ги закачува вашите фајлови на облакот, т.е. на веб, и преку која ќе може да пристапите до нив преку било кој компјутер или било кој iOS уред.

Можеби сте запознаени со Dropbox, SugarSync, Amazone Cloud Drive и Google Docs… сите тие се сервиси во облакот, слични на iCloud. Разликата е што iCloud е врзан за Apple-овите уреди и што iCloud е iTunes во облакот, што значи сета ваша музика ќе ви биде достапна од било каде и од било кој iOS 5 уред спремна за слушање. Ова е всушност клучната опција на овој сервис. Со iCloud ако купите песна на Mac ќе може истата да ја имате на својот iPhone.

„Оддржување на сите овие уреди во синхронизација не полудува. Знаете, тоа е старата приказна. Ќе купам нешто на мојот iPhone и тоа нешто не е на моите други уреди.“, вели Стив Џобс, култниот директор на Apple, кој се појави на WWDC конференцијата, иако веќе подолго време е повлечен во боледување.

iCloud содржи девет апликации во себе: iTunes, Photo Stream, Storage, iBooks, Backup, App Store, и сите MobileMe апликации како контакти, календар и мејл и сите ќе бидат синхронизирани преку различни уреди. Пример, ако читате е-книгa преку iBooks ќе ја запомни страната на која сте застанале од било кој iOS уред.

Ќе има и iTunes Match сервис кој ја скенира целата библиотека на iTunes, на разни корисници, и ја прави достапна за симнување на сите iOS уреди. iTunes Match ќе чини 25 долари годишно, додека iCloud ќе биде бесплатен за сите iOS 5 со 5 гигабајти простор за складирање. iCloud ќе се појави на есен заедно со iOS 5.

[youtube]O_C1TZIT-qQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии