Apple го тужи Samsung за физичкиот дизајн на Galaxy S и Galaxy Tab

Според Apple, Samsung прекршува неколку патенти и трговски марки, и не е фер конкуренција, додека Samsung вели дека Apple го прекршува патентот за безжична технологија. Apple инаку купува полупроводници и екрани од Samsung, односно прави 4% од годишниот приход на корејската компанија.

Apple со својата покрената тужба бара исплата на штетите.

„Не е случајност што последните продукти на Samsung наликуваат многу на iPhone и iPad, од изгледот на хардверот до корисничкиот интерфејс, па дури и пакувањето. Ова бесрамно копирање е погрешно и треба да си ја заштитиме интелектуалната сопственост кога други компании ни крадат идеи.“, вели Apple.

Според Samsung тие „развивањето на суштински технологии и зајакнување на портфолиото на интелектуалната сопственост се клучни за продожување на успехот.“

Тужбите за прекршување патенти станаа навистина хаотични на мобилниот пазар. Дури има и интересен графикон за кој кого тужи.

(сликата е од Mobilized.AllthingsD.com)

3 коментари на “Apple го тужи Samsung за физичкиот дизајн на Galaxy S и Galaxy Tab

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии