Apple го тужи Qualcomm и бара 1 милијарда долари

Qualcomm наплаќа надоместоци за технологија со кои нема никаква врска, тврди Apple. Компанијата од Купертино бaра и надомест на штета во висина од 1 милијарда долари од Qualcomm, пренесува CNBC.

Qualcomm е американска компанија која произведува чипови и телекомуникациска опрема која поседува голем број на индустриски патенти во полето на безжичната комуникација. Канцелариите на компанијата се во Сан Диего, Калифорнија. Приходот на компанијата во 2015-та година изнесуваше 5.3 милијарди американски долари, а компанијата брои 27.000 вработени.

Претходно американската Федерална комисија за трговија го обвини Qualcomm за злоупотреба на патентите.  Главната замерка која Apple ја има е висината на надоместокот кој го исплаќа; надоместокот е пет пати повисок од останатите компании кои имаат надоместоци за истата технологија. Станува збор за основна технологија за мобилни телефони за која патенти имаат десетина компании.

Парите кои Apple ги бара од Qualcomm се поради тоа што компанијата во неколку наврати одбила или задоцнила да им го врати рабатот. Сомнежот на Apple поради која ова се случило е што Apple соработува со властите во Јужна Кореја во истрага водена од тамошните власти во која како осомничени се токму Qualcomm.

„Apple активно ги охрабрува нападите на регулаторите врз Qualcomm во различни држави. Ова е рефлектирано во одлуките на KFTC [регулаторот во Кореја] и на FTC [регулатор во САД].  Apple погрешно ги толкува и го крие податоците.“ велат од Qualcomm.

Двете компании долго време имаа партнерски однос. До iPhone 7, Qualcomm беше единствен производител на чипови за телефоните. Од последната серија Qualcomm го дели ова со Intel.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии