Apple го претстави Siri, личниот асистент за iPhone 4S

Виктор Дано

во Мобилни

Siri е нова вградена aпликација на новиот iPhone 4S која овозможува преку говорни команди да му кажете на телефонот да ви заврши некои работи. Не е кој знае каква вештачка интелигенција, но може да ви прочита порака, да го повика бројот, да ви каже какво е времето денес, да пребарува низ Wikipedia и Google Maps, да закажува во календарот, и други задачи.

[youtube]L4D4kRbEdJw[/youtube]

Siri ќе биде достапен на англиски, германски и француски јазик. Се уште не е познато дали ќе биде достапен само за iPhone 4S или и за другите модели.

Kако и другите досегашни технологии, проблем со Siri може да е препознавањето на гласот и говорот, не секој зворува доволно јасно и гласно за да разбере што барате од него. Но, тоа што е ново со Siri е што ќе го следи контекстот на тоа што го зборувате. Според Apple, на Siri ќе може да му се зборува како на личност, пример да му се обратите со „Потсети ме да го повикам докторот“. Ако му кажете „сакам да ми најдеш пица ресторани што се блиску“, и потоа да кажете „а можеби ми се јаде хамбургер?“, Siri ќе знае од првото прашање дека се работи за ресторан и ќе го продолжи барањето.

Apple вели дека „Siri е проактивен, така да ќе ве прашува се додека не го најде тоа што го барате“.

Иако Apple го купи Siri во април 2011, тоа што е интересно е што Apple уште од 1987-та сонува да претстави личен асистент, тогаш наречен „Кnowledge Navigator”. Eве видео од тогашниот концепт.

[youtube]3WdS4TscWH8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии