Apple го претстави првиот 7 нанометарски чип – A12 Bionic

Дејан Соколоски

во Вести, Хардвер

Image courtesy of Apple

На настанот одржан на 12 септември Apple го претстави првиот 7 нанометарски чип за паметен телефон, A12 Bionic. Ова е само донекаде точно, A12 ќе биде првиот процесор кој ќе излезе во продажба, но првата презентација на 7nm процесор ја направи недамна Huawei (Kirin 980). Сепак новиот iPhone Xs ќе биде достапен во продажба неколку недели пред Huawei да започне со продажба на своите уреди со Kirin 980 процесор.

A12 Bionic е 64-битен процесор кој доаѓа со 6 јадра.  Две од овие јадра се помоќни, и со подобри перформанси, а четири јадра се побавни и се категоризирани како ефикасни. Процесорите со повисоки перформанси се 15% побрзи отколку кај претходникот, а ефикасните јадра дури 50% поштедливи. Ова овозможува брзо работа кај „потешките“ процеси и ефикасна работа кај условно полесните. Со ова и телефонот е брз и периодот на работа помеѓу полнењето на батеријата е подолг.

Најголемата промена во перформансите кај A12 Bionic е во придружниот графички процесор. Четири јадрениот процесор е 50% побрз од претходниот и дел од напредокот на графиката на следната генерација на игрите на телефонот е овозможен токму од подобрите перформанси на новиот процесор.

Надграден е и „Neural Engine“ од две на осум јадра што сега овозможува 5 билиони операции во секунда. Ова овозможува дел од новите функционалности на iPhone, пример Smart HDR.

Најголем дел од перформансите ќе ја забрзаат вештачката интелигенција на iOS. Core ML ќе биде девет пати побрз на новите телефони отколку на телефоните од претходната генерација.

Новиот процесор на Apple, A12 Bionic ќе биде достапен во iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии