Apple го претстави новиот ултра тенок MacBook Air

Новиот Macbook Аir е навистина прекрасно дизајниран ноутбук кој позади е тенок само 1.7 сантиметри, а напред се стеснува на само 3 милиметри.

Има два модели на Macbook Air, 13.3 и 11.6-инчен модел кои се разликуваат според големината, просторот, резолуцијата на екранот и според траењето на батеријата. И двата модели ќе имаат Intel Core 2 Duo процесор, Nvidia GeForce 320 графичка картичка, 2 GB RAM, можност за инстант вклучување бидејќи користи Flash меморија, FaceTime камера, односно камера од напред, Wi-Fi…

Помалиот 11.6-инчен модел тежи 1 килограм, може да издржи 5 часа батерија, 30 дена во модот за чекање (stand by), има 1.4 GHz процесор и поддржува резолуција од 1336×768 пиксели. Цената се движи од 999 долари за модел со 64 GB простор, односно 1.199 долари за 128 GB простор.

Поголемиот модел, 13.3-инчниот MacBook Air тежи 1.3 килограми, има екран со резолуција од 1440×900 пиксели, поголеми батерии кои држат 7 часа работење, имаат до 256GB простори и 1.86 GHz процесор. Цената на поголемиот MacBook Air е 1.1299 долари за модел со 128 GB простор, односно 1.599 долари за 256 GB простор.

Дополнителна дискусија за впечатоците за МаcBook Air има на форум.

3 коментари на “Apple го претстави новиот ултра тенок MacBook Air

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии