Поголем, потенок и подобар iPhone 5

Apple денес конечно го претстави новиот iPhone 5. Потенок, полесен, и според Фил Шилер кој е задолжен за маркетинг во Apple, „најдобар продукт што некогаш сме направиле“.

Новиот iPhone 5 има 326 PPI Retina дисплеј и 4 инчен екран со 1136 х 640 резолуција или 16:9 aspect ratio. Тоа е поголем екран во споредба со своите претходници и може комотно иконките од апликациите да ги распоредите во 6 редици. Или поточно 5, плус перманентната редица на долниот дел од екранот. Но, тоа што е важно е што поголемиот екран на почеток ќе нема никакво влијание на апликациите направени за постарите iPhone, односно кога ќе се отворат апликациите ќе има две црни ленти одозгора и под нив.

Исто така, телефонот е потенок и полесен во споредба со претходниците. Тенок е само 7,66 mm, што е за 18 посто потенок во споредба со iPhone 4S и со 112 грама тежина е 20% полесен.

Ова е прв LTE уред на Apple, oдносно има поддршка за 4G мрежите, и побрз 5GHz 802.11n WiFi. Камерата останува иста, 8 мегапиксели, но е помала, и според Apple подобра. Ќе има опција за сликање на панорами и ќе дава подобри фотографии на помало светло без користење на блицот. Сега iPhone има три микрофони кои треба да му помогнат на говорниот асистент Siri подобро да разбере што му се зборува.

Уредот ќе се појави на пазарот од 21 септември, а цените во САД се најавени дека ќе се од 200 до 400 долари, но со две годишен договор. Во Македонија, како што беше случајот до сега, би било малку поскапо, околу 500 евра.

Доколку се двоумите дали iPhone 5 или некој друг hi-end телефон, Mashable има една интересна споредба меѓу најновите популарни уреди.

15 коментари на “Поголем, потенок и подобар iPhone 5

  1. Значи како ИТ портал, прво ќе проверите, после ќе постирате слики и споредби.

    Како може S3 да има дуал кор?… Quad-core 1.4 GHz Cortex-A9 и башка има 4.1 jellybean…

    Самсунг каде каде е подобро од тоа Епл тињата.

  2. bez somnenie sovrsen telefon pa kolku i da ne mu se dopagja na nekomu toa. Fakt e deka dokolku Apple barem malku go podotvorat iOS i napravat/dozvolat widget-ti togas nikakov Android telefon ne ke mu bidi ramen.

    SG III spored mene e podobar izbor na telefon (ista cena 500+ eura), pogolem ekran plus toa sto Android e daleku pootvoren sistem od iOS i pokorisen vo MK a pogolemiot broj na glavni aplikacii na iPhone 5 (Maps, Siri, Passbook) vo MK nema da rabotat so ogled na toa sto daleku zaostanuvame od Zapadot.

    1. Токму така, но работата е во тоа што е Apple – брендот е битен. На многу неписмени луѓе на светот не им е битно што има појако, подобро туку е битно Apple најнов модел, a на телефонот може само да му сменат само боја – пак ќе се продава ко лудо. Не сум Apple фан, напротив, ама за жал таква е реалноста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии