Apple го претстави 13-инчниот MacBook Pro со Retina дисплеј

Вниманието беше свртено кон iPad Mini и четвртата генерација на iPad, но не треба да испуштиме дека Apple ги потврди шпекулациите и го претстави 13-инчниот MacBook Pro со Retina дисплеј.

Како и кај 15-инчниот Macbook Pro, овој нов 13-инчен модел доаѓа со Retina екран кој има 227 пиксли по инч, што е четири пати повеќе од стандарден Macbook, со неверојатна 2560×1600 резолуција. Но, за ваква прекрасна слика ќе треба да платите и прекрасни пари. 13-инчниот MacBook Pro со Retina дисплеј чини околу 1.600 долари.

Што се однесува до другите спецификации на 1,9 cm тенкиот лаптоп, тој има добар процесор – 2.5GHz Intel Core i5 процесор (Turbo Boost до 3.1 GHz) со 3MB Cache, но има и интегрирана HD 4000 графичка картичка што не е баш нешто посебно. Има 8 GB RAM, 128 до 256 GB простор, зависно од моделот, и тежи 1,62 килограми. Има 720p FaceTime HD камера, Thunderbolt портови, USB 3.0, HDMI и приклучок за SDXC картичка.

[youtube]6kYxnMUOczg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии