Apple го предизвикува Samsung со „има некои идеи кои може да ги ископирате“

IT.mk редакција

во Свет

Има некои идеи кои сакаме сите компании да ги ископираат, вели Apple во својата нова реклама за еколошките напори на компанијата. Рекламата, која се појави во британските весници Guardian и Metro за Денот на планетата Земја, индиректно ги подсмева Samsung со кои Apple е на суд поради копирање на патенти и технологии од iPhone.

Во рекламата Apple вели дека компаниите треба да го „имитираат“ нивниот еколошки напор бидејќи „ако ја ставиме екологијата како приоритет, сите ќе добиеме“. Рекламата е за еколошките иницијативи на Apple со кои сака да го намали јаглеродниот отпечаток и токсините од своите продукти, како и користењето на зелената енергија, главно сончеви панели, како енергија за своите огромни центри за податоци.

„Би биле пресреќни ако секој центар за податоци работи на 100% зелена енергија. Едвај го чекаме денот кога сите продукти ќе бидат направени без штетните отрови кои што ги отстранивме од нашите продукти…“, вели Apple. „Така следниот пат кога ќе дојдеме до добра идеја што ќе ни помогне да го оставиме светот во подобра состојба од која го најдовме, ќе бидеме радосни да ја споделиме“.

[youtube]EdeVaT-zZt4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии