Apple го патентираше својот паметен часовник

Apple го патентираше својот паметен часовник и според се можно е името на часовникот да не еiWatch како што се претпоставуваше, туку iTime, според претпоставките на Appleinsider.

Според патентот станува збор за условно два уреди, централен уред кој може да се користи и независно – најверојатно часовникот и помошен уред налик на бразлетна или ремче на кое може се прикачи централниот уред, но и да се поврзе со iPhone.

Централниот уред или според документацијата iTime може да се поврзе со iPhone или iPad, компјутери па дури и со сопственото ремче. Уредот многу наликува на iPod nano, со тоа што има пристап до споменатите уреди и може да презентира нотификации од истите, а ремчето овозможува дополнителна функционалност.

Лентата доаѓа со голем број на сензори и барем според најавите ќе може да регистрира гестикулации од раката и од зглобот. Покрај сензорите, во лентата се сместени и: биометриски компоненти, GPS модул, NFC антени, Bluetooth и детектори за близина. Поврзаноста со iPhone ќе овозможи со помош на вибрации и нотификација да го извести односно алармира корисникот доколку го заборавил телефонот.

Дополнително во лентата ќе биде вградена електроника која ќе овозможува дополнителна функционалност кога iTime е прицврстен на неа. Дел од споменатите сензори и елементи вметнати во лентата, ќе овозможат:

  • следење на работата на срцето
  • следење на брзината
  • GPS или вибрации.

Елементите интегрирани на лентата ќе овозможат дел од нотификациите да бидат презентирани на самата лента наместо на екранот на часовникот.

Следењето на движењето на раката ќе овозможи управување со часовникот без притоа да биде неопходно користење на екранот на допир, односно управување со помош на гестикулација.

Според објаснувањето корисникот ќе може сам да додели значење на гестикулациите, така протресување на раката може да значи дека се прифаќа повикот, а вртење на зглобот и допир на лентата дека корисникот не го прифаќа повикот.

Apple од поодамна шпeкулира со времето на излегување на паметен часовник, според последните информации, Apple ќе го презентира часовникот до крајот на годината, кога и ќе може да се увериме во можностите на часовникот како и дали ќе успее да ги надмине Moto 360 и G-Watch.

ПОВРЗАНО:

Рецензија: Прв поглед на Casio STB-1000, часовник со кој имате контрола врз вашиот iPhone

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии