Apple го отстрани Tumblr од AppStore

Tumblr апликацијата повеќе не е достапна на AppStore. Причината за ова е известувањето од дел од корисниците дека биле прикачени слики на сексуална злоупотреба на деца.

Апликацијата е отстранета на 16 ноември, но Apple не ја објави причината. Tumblr објави соопштение во кое ја објасни дека работат со Apple на враќање на апликацијата, но пред тоа мора да ја пронајдат грешката во филтерот. Поради пропуст се пропуштени слики од злоупотреба на деца, кои требале да бидат „забележани“ и стопирани со филтерот. Засега не е сосем јасно од каде е потфрлањето. Дел од вестите велат дека сликите биле дел од базата, но Tumblr соопшти дека овие слики се нови и не биле дел од базата на познати слики.

„Секоја слика поставена на Tumblr е скенирана со база на податоци со познат материјал со сексуална злоупотреба на деца, сликите кои се откриени никогаш не стигнуваат до платформата. Рутинска проверка откри содржина на платформа која сè уште не била вклучена во оваа база на податоци која се користи за проверка. Веднаш ја отстранивме оваа содржина. Заштитата на содржина е предизвик на платформи кои скалираат“, велат од Tumblr.

Од Tumblr додадоа и дека работат на откривање и надминување на проблемот, иако засега без дата за враќањето на апликацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии