Apple го отстрани Java додатокот од прелистувачите на OS X

Секој Mac корисник кој ја има направено последната надградба на системот, доколку отвори веб-сајт кој содржи Java содржина, ќе биде пречекан со пораката дека недостасува додатокот. Ова е само уште еден чекор на Apple во отстранувањето на Java од својот софтвер. Претходно тие ја укинаа пре-инсталираната верзија на Java која доаѓаше со сите Mac компјутери, а потоа издаде надградба со која на корисниците ќе им наложи да ја оневозможат доколку не ја користеле подолг временски период.

Причината за ваквиот потег на Apple не е позната, но Apple веќе некој период се подготвува да објави сопствена верзија на Java за OS X, иако не им оди најдобро и во секоја промена излегуваат нови грешки. Исто така, Java е ранлива на напади, па со нејзиното отстранување ќе го намали бројот на начини преку кои лошите момци може да се инфилтрираат во вашиот уред.

Инаку, оваа надградба не ја отстранува Java апликацијата целосно од компјутерскиот систем, туку само додатокот за веб прелистувачите и Java Preferences апликацијата која повеќе не е потребна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии