Apple го ослободи кодот на Swift

Програмскиот јазик Swift на Apple сега е со отворен код. Tимот кој го креираше јазикот го објави кодот за компајлерот, јави 9to5Mac, со цел да им овозможат на програмерите и заедницата да придонесат кон надградување на јазикот.

Искуството досега покажува дека отворањето на проектите овозможува позаинтересирана заедница и поголема доверба. Корисниците на Swift најверојатно можат да очекуваат поправки од заедницата кои ќе бидат дополнети од Apple. Дополнителна предност е што дури и ако Apple некогаш се откаже од понатамошна поддршка и развој за Swift, заедницата во целост ќе може да ја земе оваа одговорност и самата да го одржува јазикот.

Заедно со Swift се отвора кодот на стандардната библиотека и делови од Foundation, но Frameworks, AppKit и UIKit остануваат ексклузивни за Mac и iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии