Apple го објави новиот iOS 4.3

Airplay е безжичната технологија која преку Apple TV ви овозможува да прикажувате содржини на вашиот HD телевизор од вашиот iPad, iPhone или iPod touch. Новината овде, како што велат од Apple е тоа што „AirPlay сега прикажува видео од вашата апликација за слики. Па, можете да снимите домашно видео и во истиот момент да го споделите со сите во собата.“

Можеби најинтересната новина е Personal Hotspot, која ви овозможува да останете конектирани иако не сте некаде каде има Wi-Fi. Потребно е само да се наоѓате во 3G територија, за да можете да споделувате податоци со било кои други уреди кои имаат можности за Wi-Fi конекција. Можете да споделувате податоци со 5 уреди наеднаш, а секоја конекција е безбедна и заштитена си лозинка.

Уште повеќе новини за мобилноста на информациите.Без да морате да правите било какво симнување или синхронизирање, сега можете да ја слушате вашата iTunes листа на кој уред сакате преку Wi-Fi мрежата на која се наоѓаат уредите.

И како последно, Apple го вклучува Nitro JavaScript енџинот во Safari, со што ќе добиете двапати побрзо сурфање од iOS 4.2.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии