Apple го објави Mac OS X Mountain Lion, може да го купите од App Store

Apple ја објави најновата надградба на OS X, верзијата 10.8 или попозната како Mountain Lion. Продажбата започнува од среда, а оперативниот систем ќе биде достапен единствено преку App Store. Новиот оперативен систем има олеснета комуникација преку друштвените мрежи и интеграција на iPhone, iPad и Mac.

Apple како по обичај тргна по проверениот пат познат како „заѕидана градина“, секој си интегрира само со своите производи. Taka Mac ќе може да се синхронизира со iPhone и iPad пред се преку „облакот“ iColud. Сите пораки, потсетници или известувања ќе се синхронизираат на трите уреди.

Уште една промена која е најавена е интегрирана поддршка за друштвените мрежи. Facebook и Twitter ќе имаат специјална поддршка и ќе можете да споделувате статуси од речиси сите апликации. Синхронизација ќе доживее и Game Center, а вашите омилени игри ќе можете да ги играте на Mac, iPod, iPad или iPhone. Па ако сте започнале некоја игра на Mac од дома, ќе можете да ја продолжите додека сте на прошетка на вашиот iPhone. За да го задржи искуството на друштвените мрежи, Apple додаде Notification Center преку кој во секое време ќе стигаат нотификации за пристигнати имејлови, твитови, Facebook статуси и други информации од разни апликации кои се компатибилни со опцијата.

[youtube]h0WzJnTX1FA[/youtube]

И оваа надградба покажува дека за разлика од Microsoft каде се решени да направат универзален оперативен систем за сите уреди, во Apple сè уште не веруваат во една верзија за се. Затоа Mac, iPhone и iPad, сè уште имаат различни оперативни системи.

Цената на оперативниот систем е 20 долари, а сите кои купиле Mac по 11 јуни ќе добијат бесплатна надградба. Претходната верзија Lion ја користат 40% од корисниците, а Snow Leopard е присутен на 50% од Mac компјутерите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии