Apple го намалува производството на iPhone X

Дејан Соколоски

во Мобилни

Лошата продажба на последниот модел на iPhone, X можеби ја принуди компанијата да размисли за негово повлекување. Последниот извештај вели дека Apple го намалила производството на овој модел на 20 милиони, од првично предвидените 40 милиони уреди.

iPhone X е најмоќниот телефонот на Apple досега, но најверојатно поради високата цена продажбата на уредот не е на посакуваното ниво. Компанијата дополнително го намалила и бројот на компоненти кои ќе ги купи за овој уред за 60%,  вели Wall Street Journal.

Компанијата го претстави телефонот како уред на иднината. Со екран кој ја зафаќа целата површина на уредот; можност за отклучување со препознавање на ликот и куп нова технологија, уредот излезе на 10 годишнината од првиот iPhone.

Сепак, Apple не успеа да ги убеди корисниците дека високата цена од 1.000 долари е оправдана, и новата функционалност не доволна причина за купување на најскапиот iPhone досега.

Поради стравот од неуспехот на iPhone X, паднаа акциите на компанијата за 2,1%. Ова можеби изгледа занемарливо, но во апсолутни бројки цената на Apple е 46 милијарди долари пониска.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии