Apple го купува Shazam?

Дејан Соколоски

во Мобилни

Apple наскоро ќе стане нов сопственик на британската компанија со технологија за препознавање на музика, Shazam. Веста треба да биде официјална од понеделник (денес), велат извори на TechCrunch.

Shazam и сега е веќе интегрирана во гласовниот асистент на Apple, Siri. Корисникот може да ја активира функцијата преку едноставно: „Hey Siri, what’s that song?“ (Еј Сири која е оваа песна?). Сепак, Shazam има можност и за пошироко препознавање, може да препознае телевиски серии, а оваа функција не функцинира со Siri, вели Reuters.

Shazam може да препознае песна во реално време преку „слушање“ на музички клип. Компанијaта е проценета на околу 1.02 милијарди долари. Според навестувањата, Apple ќе стане сопственик на Shazam за 401 милион долари. Која е причината што Shazam би се одлучил на цена повеќе од два пати пониска од процената, барем засега е нејасно.

Купувањето на Shazam би можел да биде удар и за Spotify и Google Play Music. Во моментов сервисот ги пренасочува корисниците кои сакаат да преслушаат некоја песна на Spotify. Најверојатно ова нема да биде случај и во иднина, барем за сопствениците на iPhone кои ќе бидат пренасочени на Apple Music. Spotify во моментов има 60 милиони корисници, повеќе од два пати, од 27 милиони корисници на Apple Music.

Shazam е една од најпопуларните апликации, но сепак ова не им помага со заработката. Во 2016 годинна компанијата загуби 5.3 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии