Apple го купи Ottocat за да поправи AppStore

Стартапот за пребарување Ottocat е најновата аквизиција на Apple за која дознаваме. Целта на стартапот во тимот на Apple е да им помогне на корисниците да пронајдат нови апликации кои ќе им се допаднат во Explore табот на AppStore, јави TechCrunch.

Станува збор за поодамнешна аквизиција и е дел од определбата на Apple да го подобри корисничкото искуство преку аквизиции. Тоа што изненадува е тајноста околу целата постапка, од 2013 година кога е завршена аквизицијата, до сега ниту еден од вработените не ја променил компанијата во која работи дури на на LinkedIn профилот. Единствен доказ е патент кој е заверен од страна на Apple со прилично долго име „System and Method for Divisive Textual Clustering by Label Selection Using Variant-Weighted TFIDF“.

Тоа што го овозможува технологијата на Ottocat е пребарување со контекст. Ова е од исклучителна важност, имајќи го во предвид се поголемиот број на апликации кои се наоѓаат и на AppStore. Идејата е да им се понуда на корисниците да ги најдат сите најнови и корисни апликации според нивните подкатегории, без притоа да добиваат ирелевантни резултати и да го напуштат App Store, што би било лошо за Apple, но и за девелоперите. Како што објаснува Mashable, Ottocat врши навистина добра работа во катагоризација на апликациите, „правејќи го пребарувањето апликации лесно како да пребарувате продукти во супермаркет“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии