Apple ги отвори продавниците за Hour of Code

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Apple

Бесплатни часови за програмирање, предизвик за Swift и куп мaтеријали достапни за сите, се дел од Hour of Code во Apple Stores.

Компанијта ги отвора вратите за најмладите. Настанот се одржува од 4 до 10 декември, а регистрациите се веќе започнати. Заедно со ова, Apple го претстави и Everyone can Code делот кој треба да овозможи полесно да се научи Swift.

Оваа година посетителите во Apple Stores ќе можат да изградат дигитален робот и да го прилагодат според сопствените идеи.

Hour of Code 2017 се одржува од 4 до 10 декeмври. Најавено е учество на 14 локации од Македонија, но барем засега нема потврда. Секако, ова не значи дека нема да се одржат овие настани во различно време од годината.

Што е „Hour of Code“?

Hour of Code е инициијатива која се обидува да ги научи луѓето да програмираат за само 60 минути. Иницијативата е на Code.org, која е основана од Хади и Али Партови. Сепак, попозната е по поддршката која ја дадоа: Марк Закерберг, Бил Гејтс, Џек Дорси, Барак Обама, Гејб Њуел, Крис Бош и куп други програмиери и јавни личности.

(ИТ.МК ја поддржува иницијатаивата Hour of Code. Ако организирате или знаете за некој локален Hour of Code настамн контактирајте нè!)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии