Apple ги отвора Air Play 2, iTunes и HomeKit за Android

Секако ќе има многу интересни вести од CES кога телевизорите се во прашање. Сепак најинтересната вест досега од саемот за електроника е дека Apple ќе го отвори iTunes за Android телевизорите. Засега ова го најави единствено Samsung, иако изгледа речиси неверојатно дека и други партнери нема во иднина да добијат апликација за своите уреди.

На телевизорите на Samsung од 2018 и 2019 година ќе бидат достапни и филмовите од iTunes. Ова ќе биде првпат Apple да ги отвори своите сервиси на други платформи, иако iTunes е достапен на Windows.

Но, со оваа најава не престанаа изненадувањата, Apple AirPlay 2 и HomeKit пристигаат на најголем дел од Android телевизорите. Ова значи дека – филмови, музика, пренос од екран ќе може преку AirPlay 2 да се префрли на Android телевизор. Досега поддршката е потврдена за Samsung, LG, Vizio и Sony.

Шпекулациите се дека Apple се подготвува за лансирање на сопствен конкурент на Netflix. Во ова бројот на уреди на кои се пренесува содржината е секако од исклучително значење.

Интересно е што ова е првпат по подолго време Apple да го следи Microsoft со промовирање на услуги како бизнис модел. Досега компанијата љубоморно чуваше најголем дел од своите апликации и услуги затворени зад хардверот на Apple.

Конечно доаѓа и говорна активација со Siri преку HomeKit и SmartCast TV. Првите уреди доаѓаат во првото тримесечје на 2019 во САД и Канада, јави CNET.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии