Apple ги надгради MacBook Pro компјутерите, најголема надградба има цената

Дејан Соколоски

во Вести

По подолго време Apple направи надградба на MacBook Pro компјутерите. Процесорите на компјутерите на надградени на i7 или i9 од 8 генерација.

Новите компјутери ќе доаѓаат со 6-јадрени процесори 32 GB RAМ, True Tone екран и Apple T2 чип, објасни Apple. За жал ова се однесува единствено на MacBook Pro models со Touch Bar. Добра вест е дека со новиот процесор 15-инчниот модел има дури 70% подобри перформанси од моделот со 6 генерација процесор.

Но, процесорот не е единствениот дел кој доживеа надградба. Надградена е и RAM меморијата, па 15-инчниот MacBook Pro сега има простор за 32 GB DDR4. Дискот е импресивни 4TB. Работната фреквенција на најдобрите процесори е 2.9GHz со Turbo Boost до 4.8GHz. Компјутерите доаѓаат со Radeon Pro графички картички. Помалиот 13 инчен модел доаѓа со i5 или i7 процесор од 8 генерација и Iris 655 интегрирана графичка картичка. Дискот на помалиот модел е со максимален капацитет од 2TB.

Но, не останува сѐ на ова. Најголема надградба има цената. Најскапата верзија на 15-инчниот MacBook Pro e 6 700 долари. Основната е нешто, иако не премногу, попристојни 2 400 долари. Цената на основниот модел на MacBook Pro 13 e 1 800 долари.

Ова се првите лаптопи кои поддржуваат гласовни команди за асистентот на Apple, Siri. Сепак најверојатно најдобрата карактеристика на компјутерот е True Tone дисплејот. Технологијата овозможува промена на тонот на боите на екранот, во зависност од температурата на бојата во собата. Освен ова, надградена е и тастатурата на која сега пишувањето ќе биде потивко. Што се однесува на приклучоците тие остануваат исти како и досега, 4 Thunderbolt / USB-C порти и приклучок за слушалки.

Дали супер-скапите модели се исплатливи, ќе морате сами да си одговорите, иако веројатноста дека не ви е потребен компјутер од 7 000 долари за било што е голема.

1 коментар на “Apple ги надгради MacBook Pro компјутерите, најголема надградба има цената

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии