Apple ги истражува проблемите со батеријата на iPhone 8

Дејан Соколоски

во Мобилни

Дел од купувачите на новиот iPhone 8 имаат непријатно изненадување. Кога го ставаат телефонот на полнење батеријата се шири доволно за да се деформира телефонот.

Засега не е сосем јасно дали станува збор за инциденти или за систематска грешка, пишува BBC. Сепак во сите случаи по деформирањето скапиот телефон е неупотреблив. Досега се пријавени проблеми во Јапонија, Кина, Канада, Грција и Хонг Конг.

Apple знае за проблемите и проверува што се случува.

До пред една недела беа пријавени 6 уреди кои се деформирале на полнење. Бројката не е официјална туку единствено станува збор за број на уреди кои се пронајдени од медиумите. Можно е да станува единствено проблем за помала серија на батерии која, па ќе биде лесна за замена. Доколку е поголем проблем може да има и посериозни проблеми.

По проблемите кои ги имаше телефонот на Samsung, Note 7, проблемите со батеријата не се едноставни за надминување. Тогаш Samsung мораше да ги повлече сите телефони и да ги замени за други модели. За среќа проблемот со iPhone 8, барем засега не е опасен за корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии