Apple, Facebook, Google и Microsoft стартуваат нов сајт за веб стандарди

WebPlatform.org е нов сајт поддржан од најголемите компании од Силициумската долина: Apple, Adobe, Facebook, Mozilla, Google, Microsoft, Opera и Nokia, кој има цел да служи како извор за информации за сите нови веб стандарди како HTML5 и CSS3.

„Сајтот е почетна точка за идни големи работи. Целта на овој сајт е да биде место за одговори за најсложените и наједноставните прашања во врска со развивањето на веб сервиси и веб дизајни на Отворена Веб Платформа.“, се вели во блогот.

Веб консортиумот W3C вели дека на сајтот може да се најде и статусот на посебни технологии, стандардизации и имплементација меѓу веб прелистувачите. Сите документи и туторијали на сајтот се доставени од членови на големите компании, развивачите, како и посетители на сајтот и ентузијастите. Текстовите се лиценцирани под Creative Commons лиценци.

[youtube]Ug6XAw6hzaw[/youtube]

3 коментари на “Apple, Facebook, Google и Microsoft стартуваат нов сајт за веб стандарди

  1. Добро де, изгледа веќе му се смачило да ја гледа истата грешка over and over again.
    Добро де, и мене исто :)
    И добро де, знам. И мојот коментар ќе беше уште подобар ако немаше толку „добро де“ во него :)

  2. Добро бе, уште не научивте дека е „Силициумска долина“ а не „силиконска“?
    Силициум (Silicon) е материјал од кој се прават повеќето полупроводнички елементи со кои се изградени транзисторите од кои е составен процесорот.
    Силиконот (Silicone), пак, од друга страна, се користи во козметичката хирургија…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии