По се изгледа режисерот Мартин Скорсезе навистина ужива во работата на платформите како Netflix. Повеќе медиуми со добри врски во Холивуд јавуваат дека г. Скосезе е во преговори со Apple за својот нов филм.
Killers of the Flower Moon ќе „тежи“ над 180 милиони долари и веќе се зборува дека во филмот ќе се појават Роберт Де Ниро и Леонардо ди Каприо.
Филмот е базиран на истоимената книга од Девид Гран. Книгата раскажува за истрагата и убиствата на Осаж Индијанците во 1920 во Оклахома со кои започна и формирањeто на Федералното истражно биро.
Мислиме дека е вестерн, вели г. Скорсезе. Филмот е за Осаж, индиско племе на кое му беше дадена ужасна територија, која ја сакаа затоа што сметаа дека белците никогаш нема да бидат заинтересирани за оваа земја. Потоа откривме нафта и околу десет години Осаж беше најбогатиот народ во светот по глава на жител. Потоа, како и со рударските региони Јукон и Колорадо, доаѓаат мршојадите, пристигнуваат белците и Европјаните, и сè е изгубено. Таму, подземјето имаше таква контрола над сè, што поверојатно е дека ќе ве осудат за убиство на куче отколку за убиство на Индиец, додава г. Скорсезе за Vanity Fair.
Ова е најголемиот и најскап филмски проект на Apple кој оваа година ја објави соработката со Том Хенкс на филмот Grayhound.