Apple до крајот на годината ќе претстави нов iPhonе, iPad и два паметни часовника

Безбедносниот аналитичар Минг Чи Куо излезе со детална анализа за плановите на Apple до крајот на 2014 година, и знаејќи дека тој до сега има добра историја со проценките за компанијата од Купертино, до крајот на годината не очекуваат неколку големи изненадувања, пренесува Macrumors. Според него, на почетокот на втората половина од годината кога ќе биде презентирана нова поевтина варијанта на iMac. Набргу по ова ќе следи надградбата на популарните таблет комјутери iPad и iPad mini, а по ова ќе следи долго очекуваната презентација на паметниот часовник од Apple, кој ќе доаѓа во две верзии. Набргу, ако не и истовремено ќе биде презентиран и нов 4,7 инчен телефон од Apple, за нешто подоцна да биде објавена надградба на Apple TV и нов дизајн на 12-инчниот MacBook и MacBook Pro. При крајот на 2014 година е најавено и можеби најголемото изненадување 5,5 инчен iPhone.

Се разбира кога се Apple во прашање, најголем интерес секој пат има за новата верзија на iPhone, но оваа година шоуто можеби ќе го украде првиот паметен часовник од компанијата. Според претпоставките ќе доаѓа во 1,3 и 1,5 инчна верзија. Двете доаѓаат со флексибилен AMOLED дисплеј; NFC чип, беометриски сензор; батерија од 100 до 250 mAh, а цената на најскапиот часовник би можела да достигне и до 1.000 долари. Се разбира нема потреба да се спомене дека iWatch ќе се интегрира со iPhone.

Оваа година iPhone 6 повторно би можел да се појави во две верзии со тоа што за разлика од iPhone 5S и iPhone 5С разликата помеѓу уредите ќе биде во големината па Apple би можеле да претстават 4.7 и 5.5 инчен телефон. Двата телефони ќе доаѓаат со А8 процесор; 1 GB RAM меморија; LTPS дисплеј; NFC интеграција; оптичка стабилизација на слика; екраните ќе бидат 1334х750 (325ppi) и 1920х1080 (401ppi), најверојатно само единствено 64 GB верзија на 5,5 инчниот телефон ќе доаќа со sapphire дисплеј.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии