Apple да му исплати оштета на Samsung

Дејан Соколоски

во Свет

Во судската војна конечно и Samsung да добие една битка. Холандскиот суд одлучи дека Apple треба да му исплати отштета на Samsung. Судот вели дека Apple прекршиле патент кој е во сопственост на Samsung,  а се однесува на поврзувањето на телефони и таблети со интернет. Отштетата ќе биде пресметана подоцна во зависност од продажбата на iPhone и iPad во Холандија. Сепак судот одлучи дека Apple прекршуваат само еден од четирите патенти за кои ги обвинува Samsung. Ова е втора тужба која Apple ја изгуби откако судот во Австралија им изрече казна од 2,3 милиони долари за погрешно информирање на корисниците.

Со оглед на тоа колку често се тужат аналитичарите пресметале дека ни една од компаниите нема финансиска корист од судењата, а парите кои ќе ги добијат од една тужба ги губат во друга. Иако Apple и Samsung ги користатат судовите за да го спречат другиот да заземе поголем дел од пазарот, сепак експерите се сложуваат дека е  подобро за двете компании ќе биде да најдат заедничко решение отколку да си поставуваат сопки во правни спорови.

Се чини дека и на судиите им е преку глава од меѓусебните тужби на двете компании. Минатиот месец  американски судија им нареди на двете компании да ги решат споровите во попријателска атмосфера. Иако разговорите не вродија со плод јасно е дека во иднина двете компании сакале или неќеле ќе мора да изнајдат взаемно прифатливо решение. До тогаш Apple ќе продолжи да ги користи судовите за да ја забави продажбата на телефоните и таблет компјутерите на Samsung.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии