Apple CarPlay ќе дебитира во автомобилите на Ferrari, Mercedes и Volvo

Виктор Дано

во Свет, Софтвер

Ferrari, Mercedes-Benz и Volvo се првите партнери на Apple во чии идни автомобили ќе биде вграден ребрендираниот iOS за автомобили, сега наречен Аpple CarPlay. Овој оперативен систем ќе служи како информативна табла, како радио и за поврзување на iPhone телефонит. Во CarPlay главната улога ја игра гласовниот асистент Siri кој ќе понуди побезбедна „минимална“ интеракција со iOS, и преку кој ќе може да се прават повици и да се преслушуваат и испраќаат пораки. Иако овој сервис звучи одлично, за жал ќе користи Apple Maps за навигација. Apple најави дека има договори со уште 13 производители на автомобили, меѓу кои Ford, BMW, KIA, Honda, Nissan и други, кои ќе го користат CarPlay.

[youtube]kqgrGho4aYM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии