Apple App Store забележа 25 милијарди симнувања на апликации

Apple стигна до неверојатната бројка од 25 милијарди симнувања на апликации од нивниот App Store. Пред година дена, имаше десет милијарди симнувања, што значи за само 12 месеци таа симнувањата се зголемија за 1,5 пати. Ова значи и дека се повеќе луѓе користат iOS уреди, дека симнуваат се повеќе апликации, и дека програмерите креираат се повеќе апликации. Apple Аpp Store во моментов има околу 600.000 апликации.

Бројката е мотивирачка за Apple бидејќи нивната платформа останува популарна и бидејќи земаат 30 отсто од секоја платена апликација, но оваа бројка е и поттик за програмерите кои развиваат апликации. Иако iOS апликациите се поефтини од тие за конкурентниот Android, сепак се и три пати попрофитабилни.

Сега за сега, iOS останува одлична платформа за програмерите, и се разбира и за корисниците кои добиваат се поголем избор на апликации. Следниот чекор за Apple e можеби редизајн на продавницата, за да им овозможи на корисниците полесно да пронајдар апликации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии