Аплицирано е за стотици генерички .google, .porn, .love, .ninja домени

Виктор Дано

во Веб

ICANN ја откри листата на апликации за новите генерички домени кои беа одобрени на почетокот на годината. На листата може да се видат најразновидни суфикси на домени, некои очекувани како .bmw, .bbc, .google или .microsoft, а некои возбудливи како .ninja, .sucks или .rip.

ICANN, организација задолжена за бројките и имињата на интернет, вели дека примиле околу 1.930 барања во оваа прва рунда на аплицирање за генерички домени. Апликантите ќе мора да платат околу 185.000 долари за да можат да аплицираат, и ако го добијат доменот ќе треба да плаќаат 25.000 долари годишно.

До сега, ексклузивноста до овие нови домени ја имаа компаниите кои сакаат да си го заштитат и подобрат брендот на веб. Но, има и некои популарни домени со општ збор за кои се заинтересирани повеќе компании кои сакаат да го искористат маркетинг потенцијалот на доменот, како на пример .app за кој има најмногу, 13, апликации. Овие домени ќе се доделат по аукција.

Постепено ќе се пуштаат по 500-тина домени по март 2013-та година.

[youtube]vTvmhk1Fqns[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии