Everlane сака да вработи нови таленти преку Snapchat

Сервисот за онлајн продажба на мало, Everlane, се реши да побара нови членови на тимот преку популарната чет апликација Snapchat. Компанијата вели за Тime дека аплицирањето за работа преку Snapchat е „најдобриот начин за вработување во 2016 година”.

Наместо објавување секојдневни снапови на Snapchat, Everlane бара од апликантите да објават едно видео до 60-90 секунди во кое ќе ја раскажат својата приказна и воедно ке аплицираат за работа. Ваквиот начин ги охрабрува луѓето да кажат зошто баш тие би биле идеални за работата која се нуди и како можат да придонесат за добробит на компанијата. Најдобриот дел е што видеото на Snapchat го снемува по 24 часа, па апликантите можат да бидат креативни во своите обиди да импресионираат.

Ова не е прв пат Everlane да го користи Snapchat за креативна комуникација со публиката. Tие исто така oдговарат преку снапови на прашања од корисниците. Можеби затоа не е чудно што нивната публика постојано расте, и достигнуваат дури и по 5.000 прегледи од еден „снап“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии