Аплицирајте за работа со новиот плагин на LinkedIn

Друштвената мрежа за професионални контакти LinkedIn пред неколку месеци додаде персонализирани плагини и Share копче, а сега со претставување на својот нов плагин штотуку го олесни аплицирањето за работа. Станува збор за копчето Apply With LinkedIn, кое ќе ви овозможи на многу едноставен начин да аплицирате за работа.

Apply With LinkedIn копчето работи на истиот принцип како и Tweet копчето на Twitter, или пак Like копчето на Facebook, па така сите компании кои имаат отворени позиции можат на ист начин да го интегрираат и Apply With LinkedIn копчето на своите веб сајтови. Компаниите можат да го прилагодат изгледот на копчето на својот бренд. Компаниите исто така можат да ги контролираат сите поднесени апликации со нивно испраќање на одредена e-mail адреса. Овој плагин би требало драстично да им ја олеснат работата на компаниите, бидејќи LinkedIn профилите се лесни за прегледување.

Апликантите исто така ќе имаат голем бенефит од овој плагин. Со притискање на копчето Apply With LinkedIn, се појавува попап прозорец кој ќе ве упати на вашиот LinkedIn профил. Без да го напуштате сајтот на компанијата, директно во попапот можете да го дополните вашиот LinkedIn профил. Откако ќе аплицирате, во попапот се појавува потврда за вашата апликација, а исто така ви покажува и дополнителни отворени места, како и листа на ваши контакти кои работат во таа компанија. Листата исто така вклучува и можност да им пишете порака на овие контакти. Доколку не познавате никого од таа компанија, LinkedIn ќе ви даде контакти кои би можеле да ве поврзат со некој од таа компанија.

LinkedIn со овој плагин очигледно имаат намера засекогаш да го променат процесот на праќање резимиња. Apply with LinkedIn изгледа како навистина корисна алатка, бидејќи драстични ќе го олесни начинот на аплицирање за работа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии