Aплицирајте за бета тестер нa Counter Strike: Global Offensive

Покрај стандардниот метод за аплицирање за бета тест Valve се решија на играчите кои сакаат да ја пробаат Counter Strike:Global Offensive да им пружат и уште еден  модел. Освен аплицирањето за бета код и давањето на кодовите на играчи кои моментално ја играат Counter Strike: Source, сега можете да аплицирате за бета тестер и со одговарње на анкета која е поставена на steam://takesurvey/2/.

Освен желба и прелистувач за да се пријавите за анкетирање потребно е да го имате инсталирано и Steam клиентот. Според соопштението на официјалниот CS блог за учествување во бета тестот не е потребно да сте „зависник“ од Counter Strike, напротив учесниците во бета тестот ќе бидат избрани помеѓу играчи на CS 1.6, Source, но ќе има учесници кои никогаш не играле Counter Strike.

И покрај тоа што Global Offensive ќе излегува на повеќе платформи објавата за бета тестери досега се однесува единствено на играчите на PC. А играта сеуште нема дата на излегување иако сè уште е најавена за 2012 година.

[youtube]3-VQBLspF90[/youtube]

[youtube]bo8h_x1APzs[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии