Апликацијата „МојВоздух“ наскоро ќе овозможи попрецизно лоцирање на загадувачите на воздухот

Ако ја следите кампањата за локалните избори, најверојатно забележивте дека сите кандидати се залагаат за почист воздух. Се чини дека на политичарите им текннува на воздухот секои 4 години. За разлика од нив, Горјан Јовановски преку апликацијата МојВоздух, помогна за подигање на свеста како никогаш досега.

Неговата работа на апликацијата која преку попрегледен приказ на податоците и интересни податоци, овозможи навистина корисни податоци за граѓаните. Но, сè уште не е готово. Г. Јовановски работи на обезбедување на сателитско покривање на Македонија и преку анализа на овие податоци, поточни информации за загадувањето.

Засега неофицијално, г. Јовановски обезбеди усен договор со Европската вселенска агенција (ESA) за пристап до јавни податоци од сателит кој мерки NO2, CO и SO2.

„Ако се реализира, ќе имаме предвремен пристап до јавните податоците од сателитот кој што ќе мери NO2 CO SO2 и ќе има нови податоци секои 24 часа (толку брзо ќе ја обиколува цела површина на земјата). Со тоа ќе ни се дозволи подетална анализа врз површина од 7×3.5км за да може попрецизно да се пронајдат загадувачите. Овие мерки ќе се индиректно врзани со ПМ честичките, и ќе помогне при лоцирање на нивниот извор“, вели г. Јовановски.

Непознавањето на вистинските причини за загадувањето е еден од најголемите проблеми во Македонија. Ова им „овозможува“ и на локалните власти и на граѓаните да шпекулираат за мерките кои треба да се преземат за надминување на проблемите. Поради ова Горјан се обидува да дојде и до други податоци кои овозможуваат подобра анализа на состојбата.

„Уште поинтересно е што договарам соработка со една локална фирма која што е контрактор на ESA. Користејќи мал сателит тие прават детални снимки врз одредени територии и можат многу полесно да детектираат ПМ честички. Со нив сакам да договорам да се направи детална снимка над Македонија, или барем над Скопје, Тетово и Битола. Така уште попрецизно ќе се лоцираат изворите на загадување.

Во процес сум на барање и на податоци од постар американски сателит, кој кружи веќе 30тина години. Собира нешто помалку податоци од Sentinel 5p, но на поголема резолуција од 14×14 километри. Иако нема да се многу прецизни, може да помогнат со разбирање кога се појавува проблемот и со кој интензитет се зголемувал низ годините“.

Загадувањето во најголемите градови во Македонија не е новост. Благодарение на отворените податоци дознавме дека станува збор за аларманти бројки. Доколку се реализираат најавените соработки по навистина долго време ќе знаеме и кои се причините и предизвикувачие на загадувањето во Македонија. Ова треба да овозможи подобро, и конечно вистинско справување со загадниот воздух кој го дишат жителите на поголемите градови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии