Апликација за осветлување измами милиони Android корисници

Педесет милиони корисници кои ја преземале Brightest Flashlight Free Android апликацијата, освен што го користеле телефонот како батерија за осветлување, ненамерно ја споделувале својата локација со компании кои нудат реклами. Апликацијата ги споделувала локациите на корисниците уште пред тие и да ја користат, поточно пред прифаќањето на договорот за користење.

Како последица на ова Федералната комисија за трговија покрена постапка против компанијата, по што развивачот на апликацијата GoldenShores Technologies, LLC се согласи на спогодба со комисијата. Спогодбата забранува компанијата погрешно да ги информира корисниците за податоците кои ги собира од нив и мора јасно да објасни дека ќе бидат споделени со трети компании.

„Кога на корисниците им е презентиран вистински и јасен избор тогаш тие можат да изберат дали услугата вреди за податоците кои ги споделуваат за да ја користат. Но Flashlight апликација не кажува како ќе бидат споделени податоците“, вели Џесика Рич од FTC.

Brightest Flashlight Free која е една од најпопуларните апликации во Play Store со над 50 милиони преземања, повеќе нема да смее да испраќа локациски податоци уште пред корисникот да ја прифати или одбие договорот со корисниците (EULA). Според спогодбата досега соберените податоци треба да бидат избришани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии